Нов преседан во КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Летово не очекува првата геј венчавка…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се чини дека ви бротанското кралско смеејство во последно време се нижат венчавки, па така ќе продолжи и во следниот период. Меѓутоа, по венчавката на Хари и Меган ќе се случи уште еден преседан. Имено, кралското семејство се подготвува за својата прва геј венчавка.

На лудиот камен со својот партнер наскоро ќе застане роднината на кралицата, лордот Ивар Маунтбатен. Тој на вечна љубов ќе се заколне на својот долгогодишен партнер, Џејмс Којл.

Она што посебно е интересно е што него до олтарот ќе го однесе неговата некогашна сопруга Пени, со која има три ќерки. Во пресрет на својата венчавка, лордот Ивар Маунтбатен даде интервју за британски Дејли Меил.

„Навистина ова сакав да го направам, особено поради Џејмс, кој уште не бил во брак. За мене бракот е многу важен бидејќи веќе бев еднаш, во кој добив прекрасни деца, но инсистирам на ова бидејќи мислам дека нему му е многу важно. Џејмс немаше стабилен живот како мене, затоа сакам тоа да му го пружам“, истакна тој.

Венчавката ќе се оддржи ова лето во приватната капела на селскиот имот на лордот Ивар во Девон. Имајќи предвид дека младоженецот откри и како неговите ќерки се исклучително среќни поради него.