Нов папамобил за папата Франциск – Романците честат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како донација од страна на Renault Group, папата Франциск доби на подарок нов папамобил од романскиот производител Dacia.

Клучевите од новиот, специјализиран за негови потреби Dacia Duster, на папата му ги врачија Кристоф Дриди, директорот на Renault за Романија и директорот на Dacia, Хавиер Мартинет, извршниот директор на Renault.

Редизајнираниот Duster, се разбира, e во бела боја, а главната разлика е заштитната купола со отворот. Практиката е од 1981 година по обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори, кој тогаш се возеше во отворена Кампањола.

Автомобилот сега е долг 4,34 m, широк 1,8 m, а со подвозјето е спуштен подот за 30 мм , веројатно поради рафинираниот мотор. Сите измени се направени во специјалното одделение Dacia во Романија, со помош на тјунерот Ромтинг.

Групата Renault сè уште е присутна во гаражата на Ватикан. Поточно, во неа има посебно место за Renault 4, еден од сегашните омилени модели на папата. Инаку, сите скапи автомобили од папската колекција беа продадени на аукција, а задржани се само евтините модели како Fiat 500L.