Нов оптички предизвик го тресе интернетот: Која боја се јагодите?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Фотографијата со која психологот Акијоши Китаока ги размрда социјалните мрежи прикажува куп јагоди на торта, но фотографирани низ син филтер. Прашањето е: Во каква боја ги гледате јагодите?

Ако ги гледате црвени (цвенкасти), веројатно треба да погледнете малку подобро, бидејќи на реалната фотографија нема црвена боја.

„Тоа е илузија создадена со методот на две бои. Иако оваа фотографија реално е целосно сина, човечкото око јагодите ги гледа како црвени“, открива Китаока.

Експертот за визуелна перцепција, Бевил Конвеј, за Motherboard објасни дека тоа е начинот на кој нашиот мозок ги „исправа боите“ кога му се филтрирани низ поинакво светло.