Нов обид за продажба на „Јадранка“ – јахтата од Тито пуштена на попуст


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата на Црна Гора објави нов јавен оглас за аукција на која ќе биде пуштена јахтата „Јадранка“ која своевремено му припаѓала на Тито, со почетна цена од 50.000 евра наместо претходните почетни 80.000.

Владата на Црна Гора ја прогласи ,,Јадранка” за непотребна, а прв пат ја огласи на продажба минатото лето. ,,Јадранка” е најлуксузната јахта што ја имаше поранешниот претседател на СФРЈ на располагање и е направена 1977 во хрватското бродоградилиште во Краљевица.

Јахтата е извлечена на суво во пристаништето во Бар. Во неа биле вградени тогаш најлуксузните и најквалитетни материјали, од махагони и тиково дрво, додека преградите се направени од специјална челична легура.

Јахтата има три салони, два апартмани и две помошни кабини за гости. Има осум легла, а може да прими триесетина гости за дневна посета.

Според црногорските медиуми, Јосип Броз Тито со оваа јахта пловел 24 пати. Цената е намалена зашто немало интерес на претходното наддавање.