Home Актуелно Нов обид на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за договор за закон за јавното обвинителство

Нов обид на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за договор за закон за јавното обвинителство

За денес е закажана нова рунда преговори на работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство. Социјалдемократите велат дека ќе се постигне договор само ако ВМРО-ДПМНЕ покаже подготвеност за владеење на правото.

Опозицијата го тврди спротивното – дека власта не е заинтересирана за брзо решение. Уверува дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се непроменети.

Спикерот џафери најавува дека пленарна седница за Законот за јавно обвинителство ќе свика кога ќе го добије извештајот од комисијата каде предлогот е во второ читање. Тој не ја исклучува можноста, поради различните ставови на власта и опозицијата, да не се обезбеди двотретинско мнозинство.

Преговорите се заглавени за тоа како треба да изгледа институцијата што ќе ги наследи предметите на СЈО. Владата сака да има Обвинителството за гонење организиран криминал и Обвинителството за гонење висока корупција, додека опозицијата го сака сегашниот модел, при што таа би имала одлучувачки збор за шефот на ова обвинителство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…