Нов негативен рекорд: Американците вкупно борчат 14 трилиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американските домаќинства достигнаа нова рекордна негатива во должничкиот сектор поставувајќи нов рекорд на вкупна задолженост од 14 трилиони долари – во хипотеки, кредитни картички, студентски кредити и др.

Долгот на домаќинствата се зголемил за 0,7 проценти во последниот квартал, што претставува продолжување на петгодишниот раст, кој е охрабрен од ниската невработеност, силната доверба на потрошувачите и ниските трошоци за задолжување.

Потрошувачкиот долг сега е за 1,3 милијарди поголем од претходниот врв во 2008 година, иако тие бројки не се прилагодени на инфлацијата и денешната големина на БДП.

Стамбените хипотеки се најголем дел од долгот на американските граѓани во износ од 9,44 трилиони долари.