Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмалку пет лица се убиени, а десетици други се повредени во Тексас, откако биле застрелани од вооружен напаѓач кој стрелал од возило.
Осомничениот напаѓач е убиен за време на апсењето. Полицијата потврди дека пет лица се убиени, а 21 повредени.
Вооружениот напаѓач, кој отворил оган откако неговиот автомобил бил запрен од полицијата во саботата попладне, е убиен од полицијата, која го бркала на паркинг во комплекс за забава.
Не се објавени детали за загинатите, но еден од повредените е 17-месечно момче што било застрелано во лицето и било однесено во болница во Одеса.
Ова е второ масовно пукање во Тексас овој месец. На 3 август вооружен напаѓач уби 22 луѓе, а рани 24 во Волмарт во Ел Пасо.