Нов масакр на Шри Ланка- во куќа полна бомбаши најдени 15 тела, меѓу нив и деца (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По престрелката со полицијата , во куќа каде се криеле осомничени за бомбашкиот напад на Велигден во цркви и хотели во Коломбо, најдени се 15 тела , меѓу кои и шест деца, јавува ТВ Канал 5.

Откако исламистите убија над 250 луѓше во бомбашките напади вчеравечер полицијата обиколила куќа во која се криеле осомничените за бомбашките напади.Куќата се наоѓа во местото Сенхамарита , на 364 километри источно од Коломбо . Откако од куќата почнале да пукаат на полициските специјалци , тие возвратиле на огнот и во целата акција биле убиени 15 лица .

Во куќата избувнале три силни експлозии , велат од полицијата на Шри Ланка. По завршувањето мна акцијата , специјалците пронашле тела на 15 лица , мнеѓу кои на три жени и шест деца.

Најдени се и телата на тројца мажи за кои се верува дека се бомбаши самоубијци. Борбата траела околу два часа , а осомничените биле членови на локалната исламистичка организација National Towheed Jama’at (NTJ).

Извор: Канал 5