Нов крвав хорор: Во оружен напад во тексашки трговски центар убиени девет лица – напаѓачот беше ликвидиран


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вооружено лице вчера во прометен трговски центар северно од Далас пукал и убил девет луѓе и ранил најмалку седум, соопшти полицијата, која го убила напаѓачот.

Извршителот, за кого властите веруваат дека дејствувал сам, убил полицаец откако почнал да пука пред трговскиот центар Ален премиум аутлетс во Ален, Тексас, кажа шефот на градската полиција Брајан Харви. Жртвите имале меѓу 5 и 51 година.

Шефот на пожарникарската служба на Ален Џон Бојд кажа на истата конференција за медиуми кажа дека неговата служба одвезла најмалку девет жртви со прострелни рани во локалните болници, од кои две починале.

На снимките се гледаат стотици луѓе како мирно излегуваат од трговскиот центар, кој се наоѓа на 40 километри североисточно од Далас, по избивањето на насилството, многумина со раце во воздух додека десетици полицајци стражарат.

Неидентификуван сведок кажал за локалната станица Еј-би-си дека напаѓачот „одел и само пукал насекаде“. На некои снимки на социјалните мрежи може да се види напаѓачот кој лежи на патот откако го убила полицијата.

Масовните пукања станаа вообичаени во Соединетите Американски Држави, со најмалку 198 досега во 2023 година, што е веќе најголем број уште од 2016, според Архивата на оружено насилство. Масовно пукање се дефинира како она во кое четири или повеќе лица се убиени или ранети, не вклучувајќи го напаќачот.