Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Обединетите нации денеска се очекува да ги извлечат и последните цивили од подземните тунели на Азовстал со хуманитарниот конвој кој е упатен кон фабриката за челик во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без никаква гаранција дека борбите ќе завршат. Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања Мартин Грифитс во четвртокот објави дека нов конвој се движи кон градот, кој стана симбол на руската инвазија која започна на 24 февруари.
Веќе 500 цивили се успешно извлечени објави првиот човек на ОН, Антонио Гутереш.
In a joint @UN–@ICRC operation, 2 safe passage convoys successfully evacuated nearly 500 people from the Azovstal plant, Mariupol & surrounding areas.
I hope that continued coordination with Moscow & Kyiv will lead to more humanitarian pauses to allow civilians safe passage.
— António Guterres (@antonioguterres) May 5, 2022
Минатиот викенд, околу стотина цивили го напуштија Азовстал во евакуација организирана од ОН и Црвениот крст. Информациите за состојбата во челичарницата во Мариупол, каде што се цивили и ветерани, остануваат контрадикторни.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот во видео порака рече дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат фабриката за челик, и покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот што требаше да започне четврток наутро.
Бомбардирањето на Русија продолжува, „и цивилите, жените, децата допрва треба да бидат евакуирани“, рече тој во пораката објавена на неговиот Фејсбук профил.
„Замислете го тој пекол! Таму има деца! Повеќе од два месеци постојано бомбардирање, смртта е постојано близу“, додаде тој.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта потврди дека „руската армија останува подготвена да обезбеди евакуација на цивилите“ од Азовстал, кои би можеле да бидат уште двесте, заробени во комплекс со украински борци. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската армија го почитува прекинот на огнот околу фабриката и дека хуманитарните коридори околу Азовстал „функционираат“.
Тоа го негираа украинските бранители, а заменик-командантот на Азовскиот полк, кој ги брани постројките, Свјатослав Паламар, на видеото рече дека внатре во фабриката за челик се водат „крвави борби“ и дека Русите не ги исполнуваат своите ветувања за примирје.