Нов инцидент и физички напад на новинари за време на протестите во Скопје


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Демонстранти од протестот на „За заедничка Македонија“ ја нападнале екипата на телевизија 24 најпрво вербално, а потоа кога снимателот снимал инсерти, новинарот Христијан Баневски бил удрен со стап од знаме по тилот од главата.

Новинарот реагирал кај еден од организаторите и добил одговор дека човекот кој го веел знамето не знаел како се вее.

– Додека со снимателот го покривавме денешниот протест, бевме изложени на неколку навреди, етикетирања и закани, на што ние не реагиравме. Нападот се случи кога се упативме кон собранието од каде што требаше да имаме вклучување во живо. Во тој момент, лицето коешто со знамето се движеше зад нас се приближи до мене, ме погледна, ја забележа ознаката на мојот микрофон и силно замавна со знамето кон мене. Ме удри неколку пати во пределот на главата со стапот. За среќа не ми нанесе сериозна повреда. По ова реагирав кај организаторите, кои ме убедуваа дека сето тоа се случило ненамерно. МВР треба да преземе одговорност за сите напади и сите закани да ги сфати сериозно и да ги санкционира пред да се случи поголем инцидент, вели Баневски за А1он.