Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
При вооружен напад во приватно христијанско училиште во Нешвил, во сојузната американска држава Тенеси, убиени се најмалку три деца и три возрасни, а повеќе лица се повредени.
Полицијата на лице место го убила напаѓачот – 28-годишна жена од Нешвил. Нејзиниот идентитет и мотивот за нападот не се познати.
Таа била вооружена со најмалку две пушки и пиштол. По нападот поради повреди од огнено оружје три деца биле префрлени во детска болница во Вандербилт, каде што биле прогласени за мртви. Полицијата верува дека напаѓачката некогаш била ученичка во училиштето Ковенант. „Според моите првични наоди, во еден момент таа била ученичка на училиштето“, кажа Џон Дрејк, шефот на полициската станица Метро Нешвил.
„Во училиштето Ковенант на Бартон хилс се случи пукање. Напаѓачот е елиминиран од полицијата“, објави Метро Нешвил на Твитер. Пожарникарите објавија дека на местото на настанот затекнале „многу повредени“.
„Засега знаеме дека се убиени тројца ученици и три возрасни лица. Работиме на идентификување на жртвите. Вклучувајќи ја напаѓачката, во инцидентот смртно настрадале седум лица“, кажа полицаецот Дона Арон.