Нов хорор во САД: Со нож по улица масакрирал 4 лица, двајца се тешко повредени


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


33-годишен маж со нож во рацете шетал по улиците од Гарден Гроув, округот Оринџ и убил четири лица, а потешко повредил две.

Фаталната серија настани почнала во средата попладне, кога 33-годишниот убиец се обидел да ограби пекара во улицата Чепмен. Типот бил приведен откако го убил чуварот во пекарата.

Началникот на локалната полиција на прес-конференција изјави дека сторителот бил вооружен со нож и пиштол и ограбил стан и неколку деловни простории.

Според Асошиејтед Прес, насилството било случајно и единствените познати мотиви засега се грабеж, омраза и убиство, изјавил полковник на полицијата од Гарден Гроув на прес-конференција. Двајца од повредените се во стабилна состојба и ќе преживеат, откри полковникот Карл Витни.

Овој масакр се случува во САД само неколку дена по двете масовни убиства во САД, со што повторно се отвори дебатата за зајакнување на контролите со оружје во најмоќната држава на светот.