Нов голем трансфер во Премиер лигата: Евертон ја купи ѕвездата на Бешикташ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Само еден ден откако Ливерпул вчера го официјализираше рекордниот трансфер на Ван Дијк, веднаш стигна одговор од градскиот ривал Евертон.

Имено, „карамелите“ денес постигнаа договор со Бешикташ за трансфер на напаѓачот Ченк Тосун, кој на „Гудисон Парк“ ќе пристигне за 28 милиони евра.

Евертон уште од летото беше во потрага по напаѓач кој ќе може да биде достојна замена за Ромелу Лукаку. Менаџерот Сем Алардајс не сакаше да чека и побара што е можно побрзо да биде договорен трансферот на тускиот репрезентативец.

Бешикташ денес ја прифати понудата од Евертон и трансферот на Тосун ќе биде комплетиран наредните денови, а во синиот дрес ќе може да настапува од 1-ви јануари.