Нов фитнес рекорд: Таа е нова рекордерка во женско држење „планк“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Канаѓанката Дана Гловацка е новата рекордерка во непрекинато издржување на популарниот „планк“ (штица) во женска конкуренција.

Во рамки на First International Plank Training Conference Гловацка за цели педесет минути го сруши стариот женски рекорд во оваа дисциплина.

Гловацка успеа да остане во пoзицијата цели 04 часа и 20 минути часа што е досега најдолго време поставено од жена. Претходно рекродот го држеше Мариа Калимера од Кипар со време 03 часа и 31 минута.

Гловацка, која себеси се смета за фитнес ентузијаст, вели дека примарна вежба за сила на телото, оносно на јадрените мускули и била јогата. Се сеќава дека нејзиниот прв обид да држи планк најдолго што може траел “само” четири минути.