Нов егзодус во Алепо – над 16.000 бегалци во последниве неколку дена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светот беспомошно гледа додека трупите на Башар ал Асад освојуваат сѐ повеќе делови од градот Алепо. Од бастионот на бунтовниците повторно бегаат илјадници луѓе.

Повеќе од 16.000 цивили побегнаа во последните неколку дена од источно Алепо под контрола на бунтовниците во други градови, изјави денеска шефот на хуманитарната операција на ОН, Стивен О Брајан, со оценка дека ситуацијата е „алармантна“.

Исклучително сум загрижен за судбината на цивилите поради алармантната и застрашувачка ситуација во градот Алепо, се наведува во соопштението на О Брајан. Тој истакнува дека повеќе дестици цивили се загинати или повредени во борбите кои се интензивирани во последните денови. Болниците повеќе не работат и залихите со храна се речиси исцрпени, наведе О Брајан.

Како што се додава, според првите извештаи, 16.000 лица се раселени во последните денови и за поголемиот број од нив ситуацијата е неизвесна.

Сириската војска напредува во Алепо, најважниот бастион на опозициските сили во Сирија. Бунтовниците загубија една третина од источно Алепо, едно од своите упоришта, додека сириската војска се надева дека наскоро ќе го заземе градот, најважниот бастион на опозициските сили.

Загубата на Алепо за т.н. умерени бунтовници претставува најтежок пораз од почетокот на војната во 2011. година, оценува агенцијата. Од другастрана, цивилите во Алепо се соочуваат со константни воздушни напади и улични борби и по 4 месеци опсада на градот се обидуваат да побегнат во побезбедни зони.

Според зборовите на портпаролот на мировните сили на ОН, Ибрахим Абуа Лаит, населението во Алепо нема ниту храна ниту вода, како ни средства за превоз, а многумина спијат на улица.

Многумина кои го напуштија источно Алепо отидоа во неговиот западен дел, кого го контролираат сириските сили, а некои се повлекоа кон други населби под контрола на бунтовниците.

Како што соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права, силите лојални на претседателот Башар ал Асад денес презмале целосна контрола над североисточниот дел на Алепо.

Директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, рече оти бунтовниците со губитокот на третина од источно Алепо претрпеле најтежок удар од 2012. година.

Бунтовниците тврдат дека борбата станала премногу нерамноправна со вклучувањето на Русија и на Иран, но и со единиците од други делови на светот бидејќи опозициските сили немаат доволно средства за противвоздушна одбрана.

Протерувањето на бунтовниците од источно Алепо ќе биде, според експертите, и пораз за сојузниците на опозицијата, посебно за Саудиска Арабија, Катар и за Турција, како и за западните земји, затоа што ќе зајакнат сојузниците на Дамаск, на прво место Русија, која во Сирија интервенира од март минатата година.

Во петгодишната војна во Сирија загинаа над 300.000 луѓе, а неколку милиони се раселени.