Нов ден од изборната кампања: ВМРО ДМПНЕ во Штип, СДСМ во Гевгелија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија денеска митинг ќе одржи во Свети Николе (17:30) и во Штип (20:00).

Опозициската коалиција СДСМ  За живот во Македонија митинг ќе има во Валандово (17:30) и во Гевгелија (19:00).

Денеска во Гевелија ќе бидеи Коалицијата за промени и правда во Гевгелија.

Демократската партија на Албанците ќе митингува во Желино (18:30), а Алијансата за Албанците во Долнени (18:00) и Кичево (19:00).

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија денеска од 12 до 15 часот ќе оствари средби со граѓаните на Дебар Маало, пред Клиничкиот центар Мајка Тереза и пред ГТЦ. Коалицијата ќе има средба со граѓаните на Валандово во 14, со гевгеличани во 17 и со граѓаните на Општина Богданци во 19 часот.

Демократската унија за интеграција, ја продолжува изборна кампања во регионот на Полог, како и средби со граѓани во Струга и околина, каде што се предвидени разговори со различни групи на интерес.