Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во следната седмица повеќе од 50 производи ќе бидат намалени за најмалку 10%, од нив над 90% се со 5% ДДВ – информира министерот за економија Крешник Бектеши.
Одлуката официјално ќе биде усвоена на Владината седница во вторник. По денешниот состанок со претставници од 8 ланци на супермаркети, Бектеши вели дека тие се согласни за намалување на цените на прехрамбените производи. За референтната цена министерот рече дека ќе се земе од претходните месеци, без да посочи конкретно од кој месец.
– Одлуката на министерстворто за економија која треба да се усвои во вторникот ќе биде усвоена и очекуваме целосно да биде подржана и секако да се реализира на начинот на кој ќе биде усвоена во делот на намалување на прехрамбени прозиводи во сите ланци на супермаркети. Очекуваме намалување од минимум 10% на одредени производи кои ќе ги објавиме во текот на наредната недела, се зборува за минимун 50 производи кои влегуваат во основни прехрамбени производи. Референтната цена ќе биде една од цените од претходните месеци, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерството за економија најавува дополнителни мерки за производителите и дистрибутерите како и измени и дополнување на Законот за државен и пазарен инспекторат. До крајот на неделава ќе има и ново законско решение за нефер трговски практики, каде ќе се укинат над 20% од одредени давачки за трговци и увозници ,како што се трошоци за рекламни кампањи и флаери, што според Бектеши дополнително ќе влијае во намалување на цените.
– Министертвото за економија работи на дополнителни мерки кои ќе бидат и за дистрибутерите и за производителите кои утре ќе бидат свикани на состанок во Министерството за економија. Министертвото за економија ќе направи измени и дополнувања на законот за ДПИ кадешто ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ, за да можат да постапат веднаш. До крајот на наредната недела ќе го имаме и новото законско решение за нефер трговски практики кадешто ќе се укинат речиси над 20% од одредени давачки во ланецот трговија,- министерот за економија Крешник Бектеши.
Од Министерството информираат дека одлуката за овие 50 производи е донесена по претходни анализи за кои Бектеши вели дека покриваат над 65% од продажбата во прехрамбената индустрија, со тоа што доколку се утрврди нарушување во утврдувањето на цени во другите индустрии, оваа листа би се зголемила. Во однос на одлуката за забраната за акции, која е исто така доставена до Владата и се очекува да се усвои дозволено ќе биде намалување на производи со кус рок, но со претходна назнака дека станува збор за производ чии рок е пред истекување.