Нов бран на пеколни температури


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По благото опаѓање на температурите во изминатава недела, од вторник повторно се очекуваат температури над 40 степени Целзиусови, најави УХРМ.

Од таму информираат дека денес попладне во планинските предели ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст, при што во вторник и во среда во најтоплите делови повторно ќе надмине 40 степени.

Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок.

Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.