Норвежаните секогаш се „чекор понапред“ – ја пишуваат првата порно книга за деца


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Норвешка писателка Гро Дале, која има напишано над 60 книги и нема аверзија кон провокациите, во моментот пишува спорна книга за деца за порнографија. Книгата ја пишува заедно со својата ќерка Каи Дале Нухус.

Дале (54) е позната по темите кои се сметаат за провокативни. Во претходните книги таа пишува за насилството во семејството, за инцестот и за разводот.

– Не знаев колку често децата гладаат порно филмови, истакна Дале.

Таа се осврна на шведското истражување од 2014 година, според кое девет од десет момчиња и три од десет девојчиња гледале порнографски филмови.

– Тоа покажува дека порно филмовите играат позначајна улога во детската култура отколку книгите за деца. Крајно време е да почнеме да зборуваме за тоа, посочи Дале.