Норвешки напуштен рудник ќе ги чува од апокалипса сите податоци на Microsoft


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Напуштен рудник за јаглен во Норвешка ќе биде местото каде што технолошкиот гигант Microsoft ќе го чува заштитен од апокалипса целиот софтвер со отворен код на GitHub.

GitHub стана сопственост на Microsoft откако лани гигантот го купи истиот за 7,5 милијарди долари. Доколку се случи апокалипса или крај на светот, оној што ќе преживее , ќе може да го отвори и да го користи софтверот што е основа на денешната модерна технологија.

Поточно, од 2017 година, Арктичкиот светски архив е отворен за чување на разни дигитални записи; вклучувајќи ги архивите на Ватикан, филмови или што било друго што се смета за вредно за чување, пишува Futurism.

На овие вредности наскоро ќе им се придружи придонесот на GitHub, односно копија на практично целиот софтвер со отворен код во светот, кој може да се гледа само со лупа.

Заедницата со отворен код често се смета како одвоена група на измами или техно идеалисти, но голем дел од дигиталната структура што ја користиме секој ден се потпира на овој јавно достапен софтвер. Facebook, Google и Amazon, на пример, целосно зависат од него.

Некои можеби се потсмеваат на идејата на GitHub за складирање на податоци, но ако еден ден има природна непогода што ќе ги уништи сите хард дискови, таа архива ќе се покаже како многу корисна.

GitHub треба да почне со чување на архивите со отворен код во светскиот Арктички архив на 2 февруари 2020 година. Податоците ќе бидат зачувани на ролни со филмови во должина од 3.500 метри. Тоа се специјални материјали и технологија и животот на овие ролни треба да биде 500 години, пренесува Cnet.

Компанијата дури тврди дека „симулираните тестови за стареење покажуваат дека ролните на филмот на Пикл ќе траат двапати подолго“ и дека податоците би можеле да бидат зачувани со милениуми.