Норвешката премиерка казнета за организирање забава во време на рестриктивни мерки против КОВИД-19


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Норвешката полиција во денеска соопшти дека ја казнила премиерката Ерна Солберг за кршење на правилата за физичко дистанцирање кога организирала семеен собир за да го прослави својот роденден. Казната е парична, во висина од 2.352 американски долари.

Премиерката, на која ова и е втор мандат, минатиот месец се извини за организирање на забавата по повод нејзиниот 60 роденден на која биле 13 членови на семејството во планинско одморалиште кон крајот на февруари, и покрај забраната на владата за собирање на над 10 лица.

– Во повеќето случаи, полицијата не дава такви казни, но станува збор за премиерот и, иако законот е ист за сите, сите сме еднакви пред законот – објасни полицискиот командант Оле Саверуд.

– Затоа е правилно да се даде казна со цел да се одржи довербата на јавноста во правилата за физичко дистанцирање – рече Саверуд.