Норвешката полиција ќе ја викне на распит премиерката на Норвешка заради непочитување анти-ковид мерки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Норвешката полиција соопшти дека започнала со испрашување сведоци, меѓу кои ќе се најдат и првиот човек на норвешката влада како и нејзиниот сопруг, за да се расветлат пар непочитувања на анти-ковид мерките кои важат за сите таму.

„Ќе биде релевантно да позборуваме со премиерката Ерна Солберг и со нејзиниот сопруг Сондре Финес,“ порача јавниот обвинител во норвешката област Бускеруд во која се испостави дека имало неколку прекршувања на ковид правилата за групирање и дружење.

Премиерката веќе се извини затоа што за време на прославата на нејзиниот 60-ти роденден во еден ски-резорт се случиле две приватни збиранки со повеќе од 10 луѓе што претставува прекршување на правилата. Притоа, Солберг била присутна на една од нив.

Обвинителот не спомна детали но обелодени дека е покрената истрага за случаите и дека со резултати ќе излезе за најмногу недела дена. Премиерката рече дека е подготвена да плати казна ако тоа го побараат надлежните органи.

Норвешкиот министер за здравство отворено кажа дека е загрижен оти ваквата непромисленост на неговата шефица ќе го поткопа националниот дух и заедништвото во почитувањето на владините упатства.

„Не е добро тоа што го направи премиерката. Ние кои имаме одговорност да донесуваме правила, имаме уште поголема одговорност нив да ги почитуваме. Ова не требаше да се случи“, изјавил министерот Бент Хоје.