Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа од 23 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на патниот правец беше во прекин поради голем шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица. Поради густиот чад и намалената видливост, не се возеше во двата правца, а се создаде долга колона возила.
Гореше нискостеблеста шума и трева. Во гасењето, на пожарникарите им стигна помош и од Кавадарци и од Крушево. На терен беа и екипи од прилепските јавни комунални претпријатија.