Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новата средба меѓу италијанскиот новинар Убалдо Сканагата и Новак Ѓоковиќ предизвика иста реакција како и последната – смеа кај присутните во салата за прес-конференција.
Пред почетокот на Мастер турнирот во Монте Карло, Ѓоковиќ зборуваше за очекувањата, а меѓу новинарите забележа едно познато лице.
So, Novak met today Ubaldo? ? #NotTooBad pic.twitter.com/F5DlyZ2zY6
— Basia (@BasiaID) April 14, 2019
Тоа беше италијанскиот репортер Убалдо Сканагата, искусен тениски новинар со кој Новак добро се забавуваше на Отвореното првенство на Австралија.
Потсетуваме, после финалето во Австралија, Новак со Убалдо направија шоу на прес-конференцијата кога тенисерот почна да го имитира новинарот, предизвикувајќи позитивни реакции и смеа, како кај присутните, така и во пошироката јавност.
.@DjokerNole sent the press into hysterics ?#AusOpen pic.twitter.com/7blHxlDfHM
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 27, 2019
Убалдо Сканагата има 69 години и скоро четири децении известува од најголемите тениски турнири. Нема пропуштено ниту еден „Грен слем“, а ужива и голема почит кај колегите.