Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога на едно место ќе се најдат заедно две врвни светски ѕвезди од светот на спортот, како легендите Новак Ѓоковиќ и Кристиано Роналдо, тоа е атракција за сите нивни обожаватели.
Славниот тенисер ги завршува подготовките во Дубаи пред стартот на новата сезона, па на еден од тренинзите друштво му правеше еден од најдобрите светски фудбалери, Кристиано Роналдо.
View this post on Instagram
Ноле и Кристиано одработиле заеднички тренинг во Дубаи. Ѓоковиќ на тренингот добил и совет од супер подготвениот Роналдо како подобро да скока.
„Го подучувам Новак како подобро да скока! Беше задоволство да се тренира и другарува со тебе, пријателе“ напиша Роналдо под видеото со Ѓоковиќ.