Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аукциското наддавање за едновечерно ноќевање во една од најпознатите затворски ќелии на светот, „број седум“ во затворот на островот Робен во Јужноафриканската Република, има за цел да собере финансиски средства за хуманитарниот проект за јужноафриканските затвореници.
Станува збор за ќелија во која иконата на јужноафриканската борба против апартхејдот, Нелсон Мандела, ја издржува својата децениска затворска казна. Сместена на островот Робен, таа ледена бетонска ќелија со површина 2,4 со 2,1 метар, во која лежел првиот црн претседател на Јужна Африка, е една од најпознатите на светот.
$250,000 for a chance to sleep in Nelson Mandela’s jail cell? https://t.co/FsfEGZOFW6
— CGTN (@CGTNOfficial) July 4, 2018
Организацијата “CEO Sleepout”, која се прославила со продавање на ноќевања на милионери на необични места со цел собирање на пари за најсиромашните, дошла до оваа идеја.
„Досега во Јужноафриканската Република не се одржала ниту една аукција од ваков тип. Тој што ќе понуди најмногу ќе ја има честа да мине ноќ во историската ќелија број 7, во која Мандела минал 18 години”, се наведува во соопштението за аукцијата.
Ноќевањето во култната „ќелија број 7“ е проценето на почетна цена од 250.000 долари, а се наведува дека веќе има понуди од 300.000 долари преку интернет.
Името на добитникот ќе биде објавено по заклучувањето на аукцијата на 16. јули. Со собраните пари ќе се финансира проектот “од затвор на универзитет”, кој ќе овозможи подобро образование за јужноафриканските затвореници.
Фондацијата Нелсон Мандела рекла дека не е запознаена со таа иницијатива и дека може да биде одговорна за користење на ќелијата. Музејот на островот Рубен не се огласува по ова прашање.