Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Има три тркала, електричен погон и можете да помогнете во неговото создавање и производство.
Многу старт-ап компании настојуваат да се изборат за место на пазарот со уникатен производ и иновација, но малку кои од нив ќе погодат во епицентарот на вкусот и ќе ги освојат срцата на вљубениците во автомобилите. Е, Роман Мулјар и неговиот Nobe 100 погодија токму во тој епицентар, бидејќи споменатиот електричен автомобилски концепт е токму таков – неодолив, и секој би го посакал во гаражата.
Класичниот изглед, неоптоварен од детали и модерна технологија, во комбинација со три, наместо четири трка,а нуди високи естетски вредности и уште поголема практичност во урбани услови. Има три седишта и скромен багажен простор, а со електричниот погон може да развие брзина до 110 км/час.
Со едно полнење на батериите може да измине 220 километри, а за повторно полнење на истите се потребни околу двачаса. Но, откако ќе се потроши енергијата на батериите, на располагање е уште еден резервен сет батерии.
Изработен од 100% рециклиран материјал, Nobe 100 во вистинска смисла на зборот е возило на иднината. За да стане реалност потребни се околу еден милион евра. Кампањата за донирање и старт на производот е веќе отворена, а секој од вас може директно да учествува во изработката и производството на истото.
За вложени 1.000 евра добивате очила за сонце или ракавици, а за десет пати поголема вложена сума веќе влегувате во редот на првите купувачи. Повеќе информации за овој проект можете да најдете ТУКА.