НЛБ Групацијата го става на продажба НЛБ Нов пензиски фонд, МАПАС ќе ја следи продажбата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


НЛБ Љубљана и НЛБ Банка Скопје продаваат го продаваат НЛБ Нов пензиски фонд Скопје. Како што соопштија сопствениците на Фондот се продава 100 отсто од акционерскиот капитал во Друштвото.

Од НЛБ Банка информираат дека причина за продажбата на пензиското друштво е тоа што НЛБ Групацијата планира на долг рок да се фокусира на основните банкарски дејности на македонскиот пазар.

Ова ќе биде главно остварено преку НЛБ Банка АД Скопје, која е една од најголемите меѓу клучните банки на НЛБ Групацијата, велат од НЛБ Банка.

Сепак додаваат дека НЛБ Групацијата е свесна за важноста на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на македонскиот пазар за управување со пензиски фондови, затоа, има намера да го спроведе процесот на продажба на начин кој ќе му овозможи на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје да продолжи да функционира нормално, во согласност со сите регулаторни правила и да обезбеди највисок степен на безбедност и квалитет на услугите за членовите на фондовите.

2016 година беше најуспешна за НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Друштвото ја заврши годината со капитал од околу 6 милиони евра, а на акционерите во 2016 година им подели рекордна дивиденда од 49,5 милиони денари (805 илјади евра).