Низа нерегуларности на денешните локални избори во Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


МВР предмалку информира за нови пријави за изборни нерегуларности. Така, во СВР Скопје било пријавено дека гласањето било прекинато на гласачко место во основно училиште „Блаже Коневски“ во 13.56 часот се до 14.13 часот, поради тоа што Г.Ш., заменик член од партија, дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје, пренесува Фокус.

Околу 14.04 часот, во Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидат на политичка партија.

Потоа, Т.К., заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“, пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во Избирачкиот список им се обратил на висок тон на членовите на комисијата, по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место.

Во СВР Охрид, пак, претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1, лоцирано на ул. „М.Јорданоски“, во близина на спортска обложувалница, пријавил дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче, па гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот.

Исто така, денес во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа.