Низ Македонија се одбележува денот на човековите права, никој не го спомнува кршењето на нашето право да бидеме Република Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Граѓанскиот сектор обединет воглавно околу левиот политички центар, денес организира бројни трибини, работилници, панел дискусии, конференции по повод универзалната декларација за човековите права на ООН. Учество земаат и еколошките здруженија, што значи освен за правата на човекот се разговара и за неговата животна средина, за климата на планетата Земја, за загрозените растителни и животински видови.

Граѓаните на Македонија, особено етничките Македонци, покажуваат огромна незаинтересираност и неинформираност за ваквите и слични настани. Нивното право да ја нарекуваат сопствената држава како сакаат е прекршено со самата идеа за преговори со Грција, која таквото право го крши. Република Македонија од почетокот на својата самостојност, не по своја вина, беше изложена на санкции од кои еден дел беа оправдувани токму со „Човековите права“. Република Македонија беше воено нападната од Косово, повторно во името на човековите права, терористите беа амнестирани исто така во името на човековите права, па дури и влегоа во државните институци – повторно во името на човековите права.

Во исто време Македонците не можат самостојно и автохтоно да ја истражуваат сопствената култура и историја (ќе испаднеш „антиквизатор“) под налетот на „евро-стандардите“ скроени по мерка на вековните македонски негатори, поробувачи и освојувачи, односно нивните средновековни варварски соништа (изучувањето на Цар Самоил е еден од условите за влез во ЕУ). Денес во ЕУ е полесно да ги браниш слободите и правата на поларните мечки и пингвините, да плачеш над судбината на црните носорози, да се бунтуваш против односот кон кучињата во Кина, отколку да кажеш дека имаш право државата да си ја нарекуваш Република Македонија, односно дека сакаш да зборуваш на јазик кој со закон е забранет во држави членки на ЕУ.

Човековите права и слободи за Македонците биле и останале празно филозофско блебетање, без суштинска промена по нивните животи. Тие и понатаму се иселуваат од левата страна на Вардар со три пати поголем интензитет одколку што ја напуштаат државата, тема која е забранета или политички непријатна за отворање. Додека пак економските слободи се тема која останува речиси недопрена.

Пишува: Виктор Трифуновски за http://breitbart.mk