Нивото на водата на Преспанско Езеро опаѓа, на Охридското расте


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а за исто толку е зголемен на Охридското, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС “НАКОЛЕЦ” е девет сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм), а на Охридско е два сантиметра над дозволениот минимум 693,10 (мнм). За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,65 метри повисоко од просекот за ноември.

Понизок од просечниот е и водостојот на речиси сите реки во земјава и бележи дополнително намалување во споредба со вчера. Исклучок се реките Бабуна на мерното место кај Богомила и Струмица кај Сушево кои имаат повисок водостој од повеќегодишниот просек за овој период од годината.