„Ниво Интернет експлорер“: За Бајден Путин ја губи војната во Ирак“ (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот претседател Џо Бајден уште еден гаф на својата растечка листа со грешки и глупости.

Бајден вчера пред новинарите рече дека рускиот претседател Владимир Путин ја губи војната во Ирак. „Тешко е да се каже, но тој очигледно ја губи војната во Ирак“, рече Бајден како одговор на новинарските прашања за рускиот претседател.

Путин, се разбира, ја нападна Украина – а не блискоисточната земја што САД и нивните сојузници ја нападнаа во 2003 година.

„Тој ја губи војната дома и е отфрлен од голем дел од светот“, додаде Бајден. „И тоа не е само НАТО. Тоа не е само Европската Унија. Тоа е Јапонија. Тоа се, знаете, 40 нации“, мислејќи на опозицијата против Путин.

Бајден има долга историја на гафови и грешки. Во последниве месеци, познатиот рагби-тим „Ол Блекс“ од Нов Зеланд тој го нарече „Блек и Танс“ – помешувајќи ги спортските шампиони со озлогласената британска воена единица. Тој ја помеша и функцијата на Риши Сунак, обраќајќи му се на британскиот премиер со „господине претседател“.

Во почетокот на овој месец, Бајден ги збуни слушателите кога, во говорот пред застапниците за контрола на оружјето, рече: „Боже, чувај ја кралицата“. Заменик прес-секретарката на Белата куќа, Оливија Далтон, подоцна ја појасни неговата изјава, велејќи дека таа била „упатена кон некого од толпата“. Таа не додаде ништо повеќе за тоа кому тој му одговарал или што го поттикнало коментарот.