Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бакнежот на Александра Томас и Скот Џонс за време на навивачките немири во Ванкувер веројатно е еден од најпознатите бакнежи на сите времиња кој се најде на една од највпечатливите фотографии која го обиколи светот.
Александра е од Канада, а Скот е Австралиец. Тие денес живеат во Перт, Австралија, а Александра во меѓувреме доби и австралиско државјанство. Во слободното време патуваат, за што сведочат фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи. Таа работи како инженерка, а Скот со години се занимава со „стенд ап“ комедија.
Патувањата им се голема пасија. Откако се преселија во Австралија, ја пропатуваа Европа, поголем дел од Азија и Северна Америка.
Во интервју за CBS во 2011 година Скот откри дека бакнежот всушност бил наменет за да ја смири Александра, која паднала кога толпата почнала да трча пред полицијата. Тој се наведнал да ја дигне и попатно ја бакнал за да ја смири бидејќи била преплашена.
„Луѓето на разни начини ја толкуваа фотографијата, некои тврдеа дека е Фотошоп во прашање, некои на неа гледаа само љубов, додека некои одеа толку далеку и тврдеа дека се обидувам да ја повредам или да ја силувам“, изјави Скот за 9news во 2015 година.
Фотографијата со нивниот бакнеж редовно станува вирална на периоди, но тие и натаму водат сосема обичен живот, а фактот дека уште се лудо вљубени еден во друг сигурно ќе ги развесели многу романтични души кои беа освоени од емотивната фотографија.