Нивес му ја исполни фантазијата на дечкото кој ѝ пријде после концерт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нејзиниот спот за песната „Јен’, два, три“ во соработка со младиот рапер Анте М изобилува со атрактивни сцени, како и брз ритам и заразен рефрен.

Она што е интересно во приказната со новиот хит на Нивес Целзиус е токму нејзиниот партнер во песната – споменатиот рапер МС Анте М. Типот ја запознал Нивес како нејзин голем обожавател кога имал 17 години.

„Пред неколку години со другарите бев на еден концерт од Нивес и ме воодушеви колку е таа позитивно луда и каква атмосфера прави на своите настапи. Јас ѝ пристапив после концертот, сакајќи да се сликам со неа и таа буквално ме освои со нејзината едноставност. Во меѓувреме станав МС и имам доста настапи по нашата дијаспора и преку Фејсбук ѝ понудив на Нивес предлог за соработка. Не можев да верувам колку брзо повратно ме контактираше и ја прифати понудата од која произлезе песната Јен’, два, три“, вели младиот музичар.