Home Актуелно Ниту еден од патниците со коронавирус на летот за Финска не е регистриран дека е заразен во Македонија

Ниту еден од патниците со коронавирус на летот за Финска не е регистриран дека е заразен во Македонија

После информацијата дека 24 патници на авионски лет од Македонија за Финска биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот и дека ниту еден од нив не бил заведен во земјава како позитивен случај.

„Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството претходно соопшти дека на летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите биле со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Според Здравство, станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…