Ниски утрински температури и сончев четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините со појава на ниска облачност и слаба магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 0, а дневните ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -2 и дневна до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има појава на ниска облачност и слаба магла. Во деновите од викендот ќе има услови за локална појава на слаб дожд.