Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Предвидената мерка на Министерство за економија за владини субвениции од 2 до 3 илјади евра на сите граѓани кои ќе сакаат следната година да ги заменат своите стари возила со понови модеи или со целосно нови возила нема да се имплементира и да стапи на сила.
Мерката која беше предвидена во новиот закон за возила, која во месец јули годинава беше изгласана во Собранието. Имплементацијата на оваа владина мерка требаше да стартува од 1 јануари 2020, а таа заврши уште пред да почне.
Средства за субвенции за купување возила што беше најавено за следната година, во буџетот не се предвидени. Работна група што била формирана и го разгледувала ова прашање одлучила средствата да се алоцираа таму каде ќе дадат најдобар ефект.
Ова го соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за проектот „Купи куќа, купи стан“, најавувајќи дека наскоро ќе биде соопштено повеќе за Законот за данок на моторни возила кој е усвоен од Владата и за други мерки што се во насока на намалување на аерозагадувањето.
Таа додаде дека аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и дека во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства.
„Програмата во Владата е 100 милиони, во Министерството за животна средина има 70 милиони што се повеќе за 20 милиони од минатата година, за субвенции за инвертери што треба да започне и се предвидени 620 милиони денари и во Министерството за економија за субвенциите за вградување плински уреди за што се предвидени 18 милиони денари и на ова го додаваме и новиот закон за данок на моторни возила во насока на намалување, за кое данокот ќе се определува по однос на вредности по однос на загадувањето, како и гасификацијата 1,1 милијарда денари. Ова се мерки што се вградени во буџетот“, потенцира министерката Ангеловска.