Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, вчера вечер не успеа да закаже седница на која требаше да се избере новиот состав на Државната изборна комисија и да се изгласаат измените во Законот за Влада и законот за финансирање на партиите. Пратеничките групи синоќа не се усогласија за она што лидерите на политичките партии вчера се договорија.
Џафери синоќа најпрво ја најави седницата за избор на ДИК, но подоцна не ја закажа. Неофицијално, пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не се усогласија во врска со некои членови од законот за финансирање на партиите, околу казните во делот за злоупотреба на службената положба и овластувања и замена на затворските казни со парични.
Засега нема најава за нова лидерска средба. Вчера лидерската средба заврши без договор за референдумот – за референдумското прашање, за карактерот на референдумот и терминот на одржување. Нема ни информации за можно одржување на собраниска седница за денеска.
Извор: Мкд.мк