Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе подолго време се погласни се шпекулациите дека Филипе Кутињо може да ја напушти Барселона, само една година откако пристигна на „Камп Ноу“.
Бразилецот е најскапо засилување во историјата на Барселона, но не ги оправда очекувањата и го загуби местото во првиот тим.
За него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи, кои се спремни да платат и повеќе од 100 милиони евра, но до трансфер сепак нема да дојде во овој преоден рок.
Управата на Барселона на крајот реши да не го продава 26-годишниот фудбалер и тренерот Ернесто Валверде сака да му даде уште една шанса.
Доколку Кутињо ја искористи, тогаш ќе остане во клубот, но доколку повторно не успее да ги оправда очекувањата, тогаш на лето сигурно ќе замине од Барселона.