Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фондацијата Салвадор Дали соопшти дека 61-годишната Шпанка Пилар Абел, која пред неколку месеци бараше ексхумација и проверка на DNK примерок од славниот сликар за да се утврди дали тој е нејзин татко, не е ќерка на прочуениот шпански уметник.
Пилар тврдеше дека Салвадор Дали е нејзин татко кој во 1955 година имал афера со нејзината мајка додека таа работела за семејство кое живеело во близина на куќата од Дали.
Судот наложи ексхумација, бидејќи тоа беше единствениот начин да се утврди дали Салвадор е или не е татко на Пилар. Истата беше извршена далеку од очите на јавноста, а патолозите наведоа дека балсамираното тело на Дали останало исто, како и неговите ексцентрични мустаќи.
Пилар Абел, доколку се утврдеше дека Дали е нејзин татко, ќе имаше право на околу 25% од наследството на уметникот кое сега е во сопственост на државата Шпанија.