НИШТО ОД ШПЕКУЛАЦИИТЕ: Хојт Ји демантира дека ќе биде амбасадор во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хојт Ји во ексклузивното интервју за телевизијата N1 ги демантира наводите кои се појавија во некои медиуми дека ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија, а тој додава и дека е задоволен од својата работа во моментов.

-Многу сум горд што сум заменик помошник државен секретар на САД и задоволен сум од својата работа. Драго ми е што можам да речам дека се уште ќе бидам тука, потенцира во интервјуто за телевизијата Ји.

Тој додава дека американските интереси во регионот се насочени кон помагање на земјите од регионот да се приближат до нивните цели, а тоа се просперитетот, демократијата, стабилноста и иднината.

Инаку за телевизијата N1 Хојт Ји даде целосно интервју во кое зборува освен за Босна и за состојбите на Балканот.