Ништо од шампионското разголување на Ивана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По синоќешниот пораз на Хрватска во мечот со Аргентина, „Коцкестите“ останаа без шанса да играат финале за светска фудбалска титула. Евентуална нивна победа во финалето ќе значеше и очекување жешката 30-годишна Ивана Кнол да го исполни ветувањето дека ќе позира целосно разголена во чест на титулата.

Девојката која стана сензација на првенството со својата провокативна гардероба, и која се најде во голем број на светски медиуми како најзгодна навивачка, неодамна јавно вети дека доколку Хрватска стане светски првак, таа ќе позира гола.

Инаку, таа е модел и инфлуенсерка која и за време на Светското првенство во Русија често го привлекуваше вниманието, позирајќи во провокативни изданија на трибините.

Во Катар пак, беше мета и на критики, бидејќи според тамошните закони не е дозволиво жените да се разголуваат во јавност. Дури и се објави видео на кое се гледа како обезбедувањето ја отстранува од трибините поради длабокото деколте.

Ивана е родена во Германија, а во Хрватска се преселила додека била дете. Во изминатите години таа е редовна поддршка на хрватските фудбалери за време на натпреварите.

На сегашното првенство нејзиниот број на следбеници се дуплираше и сега ја следат над милион луѓе на Инстаграм.