Спорт

Ништо од преговорите – Барса останува без Умтити

Преговорите помеѓу Барселона и Умтити се во застој. Французинот смета дека понудата на Каталонците не е задоволувачка и не сака да стави потпис на нов договор.

Умтити во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, која неколку европски гиганти се спремни да ја платат веднаш. Поради тоа Барселона му нуди нов договор со кој ќе биде ревидирана откупната клаузула.

Меѓутоа, дефанзивецот не е задоволен од условите што му ги нуди Барселона, па ова лето најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Манчестер Јунајтед и ПСЖ му нудат на Умтити 10 милиони евра по сезона, сума која Барселона не може да си ја дозволи.

Барса му постави ултиматум и сака конечен одговор во следните 10 дена, но според „Мундо Депортиво“ тој најверојатно ќе биде негативен, бидејќи Умтити сака повеќе пари.

Весникот тврди дека Каталонците веќе му бараат замена, а првото име е Матијас де Лихт од Ајакс.

Advertisements
To Top