Ништо од осминафинале, Турција поразена од Финска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ништо од осминафинале на Европското одбојкарско првенство за македонската репрезентација. Финска ја совлада Турција со 3:2 и двете селекции, заедно со Русија и со Словенија од групата Ц, продолжуваат во топ 16 фазата, пишува Спортски.мк.

Се што требаше за нашата селекција да се пласира во нокаут фазата беше победа на Турција, меѓутоа турските одбојкари потклекнаа и не успеаја да слават против Финска иако важеа за големи фаворити на овој натпревар.

Финска го доби првиот сет со 25:20, додека вториот и третиот беа во корист на Турција (25:15, 25:18). За наша жал следните два сета ги доби Финска и со тоа дојде до голема победа која ги вивна во нокаут фазата.

Со ова се сруши нашиот сон за пласман во осминафиналето, но сепак треба да им честитаме на нашите одбојкари кои во својот дебитантски настап на ЕП запишаа две победи и беа на чекор од нокаут фазата.