Ништо од нова Штипска болница во догледно време


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рокот за изградба на болницата истекол на 30 јуни 2023 година, а досега се реализирани само 30 отсто од градежните работи, пренесува за јавноста Министерството за здравство (МЗ).

Договорот со изведувачот Интракат за новата штипска болница е раскинат на 29 јуни. Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Владата, информираат попладнево од Министерството за здравство.

„Во рок од 42 дена треба да се достави „Проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка“, се додава во соопштението.

Поднесени биле барања за активирање банкарски гаранции, во износ од шест милиони евра и тие се реализирани.

„Рокот за изградба бил 30 јуни 2023 година, а досега се реализирани само 30 отсто“, се истакнува во соопштението.

Премиерот Димитар Ковачевски неодамна во Свети Николе изјави дека Владата донесе законска одлука врз основа на која ги задолжи и министерствата за здравство и финансии и другите институции, по најитни постапки, да направат ревизија на проектот, до каде се изведени градежните работи и веднаш да се отпочне постапка за изнаоѓање на изведувач што ќе ја доврши клиничката болница во Штип.

Според него, императив е да има нова болница во Штип, која им е потребна и на штипјани, меѓутоа и на луѓето од околината.