Ништо од Мората: Јувентус се насочува кон Марсијал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус ќе се насочи кон Антони Марсијал, бидејќи има потешкотии да го реализира трансферот на Алваро Мората.

Јувентус е во потрага по млад напаѓач кој ќе биде замена за Марио Манџукиќ, а моментално најголема желба е токму Марсијал.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека спортскиот директор на „бјанконерите“ е во постојан контакт со менаџерот на Французинот, кој ова лето најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Интерес за него покажуваат уште Тотенхем и Челзи, но „црвените ѓаволи“ не сакаат да го продадат Марсијал на директен конкурент.

Договорот на Марсијал со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година и моментално заработува 3,5 милиони евра по сезона, а „старата дама“ му нуди 4 милиони плус бонуси.

Двата клуба се во одлични односи и моментално преговараат за трансферот на Дармијан, а медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ за Марсијал ќе бараат најмалку 50 милиони фунти.