Ништо од консензуалениот – ДУИ оди со свој кандидат на претседателски избори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доцна синоќа, на нивниот партиски состанок, Демократската унија за интеграција едногласно одлучила на претстојните претседателски избори да оди со свој претседателски кандидат. Со оваа одлука на ДУИ пропаѓа идејата за консензуален претседателски кандидат кој го заговарашеРаководството на ДУИ доцна синоќа на партискиот состанок едногласно одлучи дека на претстојните претседателски избори ќе излезе со својот кандидат. Со тоа пропаѓа концептот за консензуален кандидат за шеф на државата кој се заговараше периодов.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи објави дека претседателството одлучило дека ДУИ на претседателските избори ќе излезе со сопствен кандидат, оставајќи ја отворена можноста за соработка со албанските партии од Македонија, но исто така и со партиите на другите заедници во земјата.

„ДУИ на претседателските избори ќе излезе со сопствен кандидат,. Овластивме посредник да оствари разговори со албанските политички партии за евентуална заедничка кандидатска опција, но и со политичките партии на другите заедници за кандидат кој ќе биде над етнички, но ќе видиме како ќе се одржат разговорите за ова прашање “, рече Османи.

Алијансата за Албанците на Зијадин Села веднаш ја поздрави одлуката донесена за претседателските избори.