Ништо од бизнисот: Фиат се откажа од купувањето на Рено


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако претходно беше објавнео дека Фиат Крајслер сака да го купи Рено Нисан, сега доаѓаат нови информации дека од Фиат се откажале од оваа зделка и нема да има ништо од бизнисот и преземањето.

Иако не е објавена официјална причина за откажувањето на Фиат од преговори, сомнежот паѓа на спор со француската влада.

Рено и понатаму е делумно во сопственост на француската држава и е важен дел од индустрискиот комплекс на земјата. Истовремено се проценува дека Фиат како дел од договорот барал затворање на дел од фабриките на Рено во Франција, или пак другата страна барала гаранција дека во следните 20-30 години нема да се случи затворање на фабриките. Разидувањето околу на оваа тема се смета за главна причина за прекин на преговорите.

Процените на експертите се дека спојувањето на двете компании има логика дури и ако се даде гаранција за француските работни места, бидејќи и Фиат и Рено мора да станат поголеми затоа што моментално и двете се премногу слаби.