Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со слушачка промоција и прес-конференција закажана за 19 декември, која ќе се одржи во продавницата за плочи „Ап(о)тека)“ во скопски МКЦ, Bernays Propaganda ќе го претстават новото EP издание „Ништо нема да нè раздели“.
Презентер на промоцијата ќе биде Тошо Филиповски, авторот на Македонската рок енциклопедија.
Проширеното издание на „Ништо нема да нè раздели“ содржи 3 песни снимени во Studio 1060 со новата постава која покрај Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Дени Крстев е засилена со Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски. Како гости на изданието се појавуваат Тони Китановски и Мајк Ват.
EP-то излегува на 12 декември за Moonlee Records, Geenger Records, Pop Depresija и Балкан Велики како најава за новиот албум „Втора младост, трета светска војна“.